Женската одбојкарска екипа од ОУ ,,Мирче Ацев,, го освои златниот пехар во општинската одбојкарска лига за девојчиња во Општина Ѓорче Петров.
ОУ,,Мирче Ацев,, го освои златниот медал во општинската одбојкарска лига за девојчиња во Општина Ѓорче Петров за женските од седмо одделение. Неизвесната борба за титулата на екипите од О.У. „Мирче Ацев “ и О.У. „Страшо Пинџур“ како најсериозни конкуренти во текот на целата натпреварувачка сезона приодонесе до прекрасна славеничка атмосфера на девојките од победничкиот тим. Најдобрите три екипи годинава заслужено ги добија своите медали, а на најдобриот му беше доделен пехарот.
Одбојка,правила и прописи
Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи од по 6 играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
Правила и прoписи
Полето за игра е правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите страни е широка најмалку три метри. Слободниот простор за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум метри мерено од површината на теренот.Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта. Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот). Топката се уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на серверот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот.
ОДБИВАЊЕ СО ПРСТИ
При одбивањето (додавање) на топка со прсти, нозете се во расчекорн став, малку свиени во колената , едната нога е во мал расчекор. Телото е малку поднаведнатао кон напред. Рацете се високо подигнати и се во висина на челото, свиени во лактовите кои не се ни широко отворени и вовлечени. Дланките се на растојание од главата (челото) на околу 20 см. Прстите се раширени и благо повлечени нанапред. При одбивањето (додавањето) најголемиот терет го носи показалецот, средниот прст и палецот, потоа до малиот и малиот прст. Топката не треба да паѓа на дланките.
ОДБИВАЊЕ СО ПОДЛАКТИЦА
При одбивањето со подлактица, положбата на нозете и телото кај овој вид на одбивање е ист како и кај одбивањето со прсти со две раце. Можеби расчекорот е малку поширок. Рацете се спуштени и потполни испружени, а дланките свиени така да создаваат една целина. Прифакањето на топката се прати со целото тело. Овој вид на одбивање се применува во најголем број на случаеви кога имаме прием на сервисот. Денешната современа одбојка овој вид на одбивање на топка го прифаќа како основен начин на одбивање и се користи во игра во повеќе од 90 % на ситуации. Иако изгледа едноставно тој е најтежок елемент затоа што покрај добрата и правлна техника, потреб на е и голема концентрација, чуствување на просторот, смиреност, прецизност и брзина.
Тенис сервисот воглавно се користи како тактички сервис и тоа од задната линија на игралиштето, поради прегледноста и близината на мрежата. Серверот го бара најслабиот противнички играч – примач на сервисот. Тој го фиксираа и кон него се упатува сервисот. Многу често се реализира и од поголема одалеченост од мрежата но тогаш сервираната топка е “лелујава“ (патеката на сервисот е неправилна). Кај изведбата на овој вид на сервис, топката се потфрла со една рака, а со другата рака се изведува ударот врз топката. Раката е испружена како и кај смечирањето. Ударот треба да биде со краток контакт и со отворена дланка. Често пати покрај со дланка се удира и со тупаница. Ударот со тупаница има “лелујаво“ движење, што кај противникот го отежнува доброто приемање на топката. Овој начин на сервирање може да се резлизира и со мал одскок
ШКОЛСКИ СЕРВИС
За реализирањето на обичен школски низок сервис играчот (ученикот) низ тренажниот процес треба да го научи следното, а тоа е: попставување бочно кон мрежата, телото малку свиено напред и со едната нога во исчекор. Во левата рака се држи топката и тоа нешто пониско од половината на телото. Топката се исфрла не многу високо. Десната рака е испружена и со неа замавнуваме. Со тупаница или пак со свиена дланка се реализира удирањето на топката оддолу. Тежината на телото од почетната фаза преога од десната на левата нога.
Класичното смечирање (со одскок на обете нозе) најчесто се реализира со залет и одскок на обете нозе. Многу ретко со отскок на една нога , а може и со одскок од место. Разликуваме повеќе видови на смечирање и тоа во однос на местото кое што го завзема ученикот покрај мрежата. Може да има лев, среден, десен како и заден (од задна линија – коректор), но смечот може да биде дијагонален, паралелен или смеч преку блок. При реализацијата на смечот учениците ги поминуваат и ги разликуваат следните фази: залет, одскок, положба на телото во воздух (лет), положба на раката, удар и доскок. Залетот треба да биде долг некаде од 3 до 4 метра - за учениците кои го примаат сервисот, а додека пак учениците на мрежа во фзата на самата игра 1-2 метра, па и без залет.
Овој тип на одбивање на топка е т.н. ЛИЗГАЧКИ УПИЈАЧ. За разлика од класничиот упијач, каде што ученикот прави редовно 2 до 3 чекори и од висина се фрла напред кон топката за да ја одбие, тука играчот со одбивање сака да ја “спаси” топката. Со лизгачки упијач ученикот ја одбива топката која релативно е блиску до него и изненадувачки брзо пага кон него.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ДВОЕН БЛОК
Принципите за поставувањето на двојниот блок се еднакви како и кај единечното блокирање. Треба да се обрне внимание на правовременото доагање до мрежата, правилното поставување и држењето на рацете, треба да има паралелното движење покрај мрежата и правилното држење на дланките. За успешно блокирање многу е значајно да правовремено се приближиме кон мрежата и истиот не треба да се реализира со залет кон мрежата. Движењето треба да биде паралелно со мрежата со исчекор во страна . Рацете на учениците треба да бидат испружени и навалени напред под мал агол, но не во иста рамнина со телото.
ОДБИВАЊЕ СО ЕДНА РАКА ВО ПАЃАЊЕ
Обивањето на ваков вид на топка се користи кога топките се воглавно кратки и ниски и неможат на никој друг начин на се одбијат. Одбивањето учениците го прават на следниот начин и тоа: исчекоруваат со десна нога напред, ако е поблиску до десно или пак со лева ако е поблиску до левата сртана.Спротивната нога е испружена, но и раката е максимално испружена.
ОДБИВАЊЕ СО ЕДНА РАКА ВО СТРАНА
Обивањето на топка со една рака се користи кога имаме одбивање на неочекувани и изненадувачки топки (топки кои се одбиле од блок и неправилно пагаат, потоа топки кои се поодалечно удрени и за нив неможе да се користи чекан или одбивање со прсти. Овие топки учениците ги удират со подлактицата и тоа со внатрешната страна на дланката, а се случува и со рамото.
Обивањето на топка со една рака се користи кога имаме одбивање на неочекувани и изненадувачки топки (топки кои се одбиле од блок и неправилно пагаат, потоа топки кои се поодалечно удрени и за нив неможе да се користи чекан или одбивање со прсти. Овие топки учениците ги удират со подлактицата и тоа со внатрешната страна на дланката, а се случува и со рамото.
ОДБИВАЊЕ ВО ПАЃАЊЕ
Овој тип на одбивање на топка е ОДБИВАЊЕ СО ОБИЧЕН ЧЕКАН ВО ПАГАЊЕ.Обивањето е во тоа што топката ниско паѓа и ученикот мора да направи голем исчекор кон топката во лево или во десно во зависност од каде доага топката. Едната нога на ученикот е свиткана во коленото, а другата е испружена. После одбивањето на топката ученикот преминува во фаза на повалка, а потоа во колут назад
Овој тип на одбивање на топка е ОДБИВАЊЕ СО ОБИЧЕН ЧЕКАН ВО ПАГАЊЕ.Обивањето е во тоа што топката ниско паѓа и ученикот мора да направи голем исчекор кон топката во лево или во десно во зависност од каде доага топката. Едната нога на ученикот е свиткана во коленото, а другата е испружена. После одбивањето на топката ученикот преминува во фаза на повалка, а потоа во колут назад
Comments
Post a Comment